Во Службен весник на РСМ бр. 255/2024 се објави новиот Закон за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и истиот влезе во сила со денот на објавувањето во Службен весник на РСМ, односно 17 декември 2024 година. Предмет на уредување Со овој закон се уредува: - системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор кој го опфаќа финансиското управување и контрола, внатрешната ревизија и координација на активностите за нивно воспоставување и развој согласно со меѓународните стандарди за внатрешна контрола и внатрешна ревизија, - организацијата,стандардите, методологијата, односите и одговорностите, како и надлежностите на министерот за финансии,опфатот и одговорностите на јавните субјекти за воспоставување и спроведување на внатрешната финансиска контрола и воспоставување и функционирање на советодавното тело за внатрешната финансиска контрола во јавниот сектор. Субјекти за кои се однесува Одредбите на овој закон се применуваат на сите јавни субјекти (буџетските корисници, јавните претпријатија и трговските друштва со доминантна или целосна сопственост на државата или на општините и Градот Скопје, непрофитни институции, контролирани и финансирани од државата или од општините), освен Народната банка на РСМ. Преодни одредби Со денот на влегувањето во сила на овој закон -17 декември 2024 г. престанува да важи Законот за јавна внатрешна финансиска контрола (Службен весник на РМ број 90/2009, 12/11, 188/13 и 192/15), освен одредбите од членот 47 и членот 48 став (1) алинеја 10, кои ќе се применуваат до 31 јули 2028 година, заклучно со изготвувањето на Годишниот извештај за функционирање на системот на јавна внатрешна финансиска контрола за 2027 година. Одредбите од членовите 48, 49, 50 и 53 од новиот закон, коишто се однесуваат на подготовката на Консолидираниот годишен извештај за функционирање на системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор ќе започнат да се применуваат од 1 јануари 2029 година. Подзаконските акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 18 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон. До денот на влегувањето во сила на новите подзаконски прописи ќе се применуваат подзаконските прописи донесени врз основа на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола (Службен весник на РМ број 90/2009, 12/11,188/13 и 192/15). Новиот закон можете да го превземете од базата со податоци.18.12.2024