- 33 ГОДИНИ ВРВНА ПРОФЕСИОНАЛНОСТ ВО РАБОТАТА -
Во Вашата редовна работа соочени сте со постојано или повремено користење на информации и податоци кои треба да ги збогатат Вашите сознанија и иновативност и да Ви помогнат во процесот на одлучување. Со Вашата одлука да ги користите публикациите и услугите на Економско правен консалтинг ФВ ќе направите одличен избор во користењето на навремени, точни и сеопфатни информации и податоци од областа на сметководството, финансиите, даноците, работните односи и другата регулатива од важност за сите субјекти од ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, јавниот сектор (корисници од областа на законодавната, извршната и судската власт, Фонд за ПИОМ, ФЗО, Агенција за вработување, општини, единки корисници, јавни здравствени установи и слично) и СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ БИРОА.
Во периодот од 1991 година до денес нашата консалтинг куќа ги реализира понудените услуги со висок квалитет, сигурност, навременост, точност и професионална одговорност заснована на искуство, експертиза и посветеност на целта.
На Вашите прашања и дилеми, одговори дава советничкиот тим на ФВ Консалтинг. Друштво има искусни професионалци со потребните квалификации за извршување на секојдневните задачи кои се карактеризиираат со одговорност, професионализам и стручност. Нашиот тим нуди висококвалитетни услуги во областа на сметководството, даноците и правото, истовремено е посветен, флексибилен, секогаш подготвен за предизвици, поседува солидно познавање на законската регулатива и се одликува со одлични меѓучовечки односи. Нашите водечки консултанти се:
МАЈА ЛАЗАРОСКА - Овластен ревизор, овластен сметководител - Одговорна за поставување стратегија, водење на култура и поставување на нивото на квалитет на услугите со деловните партнери. Нејзините главни квалификации се во областа на Меѓународните сметководствени стандарди, Меѓународните стандарди за финансиско известување, ревизијата и локалните даноци.
ВАЛЕНТИНА ТОДОРОВСКА - Во нашата консалтинг куќа, Валентина Тодоровска работи веќе 22 години и е добро позната по одличната соработка со нашите клиенти. Детална и прецизна во работата, но и исклучително ажурна во контактите со претплатниците.
СУЗАНА ЗЕЛОВСКА - Најмлада, но со богато 15-годишно работно искуство зад себе, Сузана Зеловска е особено концизна и ажурна кога е потребен стручен совет со широки познавања од сметководството, но и даноците и правото.
Валентина Тодоровска, офицер за заштита на лични податоци
Е-маил: valentina.bogdanovska@yahoo.com
Телефон: 075/229-464
Показател за успешноста на работата на Економско правен консалтинг ФВ е големиот број на клиенти кои долги години ги користат нашите услуги. Односот со клиентите е заснован на работната етика и доверба, а водењето на бизнисот се темели на професионализам и разбирање. Во 2014 година Економско правен консалтинг ФВ беше сертифицирана компанија за деловна успешност од страна на Агенцијата за кредитен рејтинг COFACE во соработка со Стопанската комора на РСМ.
Економско правен консалтинг ФВ е АКРЕДИТИРАНА компанија од Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ и одржува обуки за континуирано професионално усовршување (КПУ) на сметководители и овластени сметководители кое се спроведува согласно Законот за вршење сметководствени работи, а со цел професионално и ефикасно вршење на сметководствените работи.