АНАЛИТИЧКИ СМЕТКОВЕН ПЛАН
- Новиот аналитички сметковен план го применуваат субјектите кои сметководството го водат согласно ЗТД правилникот за сметководство (и согласно МСС/МСФИ).
- На пропишаните синтетички сметки и расчленети аналитички сметки се евидентира: состојбата и движењето на средствата, капиталот, обврските, приходите, расходите и резултатот од работењето во согласност со усвоените МСС/МСФИ и меѓународниот стандард. За финанскиско известување за мали и средни субјекти МСЕ.
- цена 1.500 ден.
АНАЛИТИЧКИ СМЕТКОВНИ ПЛАНОВИ
- Збирката аналитички сметковни планови опфаќа:
- аналитички сметковен план за непрофитните организации
- аналитички сметковен план за буџетот на РМ, на единиците на локалната самоуправа и на фондовите
- аналитички сметковен план за корисниците на средствата од буџетите и фондовите (и за јавните здравствени установи)
- цена 1.650 ден.
ЗАКОН ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА
- Со Законот за трговски друштва посебно се разработени одредбите за: трговецот, трговец поединец, трговски друштва.
- цена 1.300 ден.
ЗАКОН ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ
- Основи на облигационите односи, настанување на обврските, форми на договор, капар, застапување, неважност на договорот, лихварски договор, одговорност за неисправен производ, надомест на материјална штета и друго.
- цена 1.400 ден.
ЗАКОН ЗА ДЕВИЗНО РАБОТЕЊЕ
- Трансакции и трансфери, тековни трансакции, капитални трансакции, плаќања и трансфери, пазар на странски платежни средства и курс на денарот, посебни мерки на Народна банка на РМ, известувања, надзор, казнени одредби, упатства, одлуки и правилници.
- цена 1.600 ден.
ЗБИРКА НА ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА ДАНОЦИТЕ
- Заради важноста на даноците во работното секојдневие на секој стопнаски субјект ФВ Консалтинг ја изготви оваа комплетна збирка на даночни прописи, со цел точно да Ве информира за секој вид на данок кој го применувате во Вашето работење.
- цена 2.700 ден.
ЗБИРКА НА ЗАКОНИ ОД ОБЛАСТА НА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
- Збирката на закони од областа на работните односи претставува одговор на сите Ваши прашања со кои се соочувате. Многуте законски измени кои настанаa во врска со законските прописи од областа на работните односи токму овде се комплетирани.
- цена 1.400 ден.
ПРИРАЧНИК ЗА ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ДДВ
- Имајќи го во предвид фактот дека големиот број на приватни фирми, здруженија, јавни институции, како и физички лица спаѓаат во категоријата на даночни обврзници за ДДВ или се потенцијални обврзници за овој данок, сметаме дека со ова издание подетално, јасно и разбирливо Ви ја презентираме материјата во Законот за ДДВ и подзаконските акти и нивно спроведување во пракса.
- Истиот се состои од 27 теми, во кои детално се обработени прашања кои се однесуваат на оданочувањето на прометот во земјата и изобилува со практични примери за оданочување на прометот на добра и услуги во производните дејности, во трговијата на големо и мало, угостителството, градежништвото, тур-оператори, банки и финансиски институции, осигурителни друштва, превоз, сервисно-ремонтни услуги, како и третманот на ДДВ во работењето на непрофитни организации, државни органи, општини, јавни установи и други јавно правни тела кои се во системот на ДДВ.
- цена 3.750 денари
ПРЕСМЕТКА НА ТРОШОЦИ ЗА СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА
- Ново стручно издание на Економско правен консалтинг ФВ кое се однесува на трошоците за службени патувања во земјата и во странство . Истото претставува спој на законски одредби и практични решенија за признавање и исплата на трошоците за службени патувања во земјата и странство во приватниот и во буџетскиот сектор, нивно сметководствено евидентирање и даночен третман од аспект на данокот на добивка и персоналниот данок на доход.
- Преку практични примери се разработени правилата за пресметка на трошоци за пат, сместување, дневници и сите пропратни трошоци за вработените, како и изготвување на патни налози, начин на исплата на надоместоци за пат во земјата и странство.
- Изданието е изработено во лесен, едноставен и разбирлив стил, со што е приспособен за секојдневна употреба од страна на сметководителите, благајниците, правниците и управителите/раководителите.
- цена 1.190,00 ден.