Економско правен консалтинг ФВ е АКРЕДИТИРАНА компанија од ICC Macedonia International Chamber of Commerce The world business organization и одржува обуки за континуирано професионално усовршување (КПУ) на сметководители и овластени сметководители кое се спроведува согласно Законот за вршење сметководствени работи, а со цел професионално и ефикасно вршење на сметководствените работи.
Организираме и советувања за јавниот и буџетскиот сектор, на кои ве известуваме за најновите законски и подзаконски измени, како и за подготвителните работи за подготовка на завршна сметка.
Даночен консалтинг
Нашиот професионален тим со долгогодишно работно искуство Ви нуди брзо и ефикасно информирање за новините во законската даночна регулатива. Со цел навремено и ефективно да се спроведуваат новините во процесот на Вашето работење Ве советуваме за конкретна практична примена на истите и можни ефекти врз Вашата дејност.
Сметководствен консалтинг
Законската обврска за водење на сметководството согласно меѓународните сметководствени стандарди, бара големи познавања и практична примена на МСС и МСФИ за МСЕ. Ние Ви помагаме за правилно евидентирање на сметководствените настани врз основа на соодветна сметководствена документација и изготвување на точни финансиски извештаи со примена на законската регулатива во РСМ, Ви ги доближуваме меѓународните сметководствени стандарди и Ви помагаме подобро да ги разберете и успешно да ги примените во Вашето сметководство.
Со оглед на обемната законска регулатива и постојаните измени и дополнувања на истата, неизбежно е постојано следење и примена на новините. Ние Ви помагаме за Вашето навремено информирање со цел да се избегнат можните несакани последици.
Услуги:
- професионални и стручни совети од областа на финансиското сметководство
- професионални стручни совети од областа на материјалното сметководство
- професионални консултантски услуги од областа на даночната регулатива
- деловен консалтинг - советување за можните даночни импликации на вашите деловни одлуки
- пресметка на плати
- советодавна поддршка при пресметка на јавни давачки на обврзникот
- помош во подготовка и структуирање на интерните акти на компанијата (одлуки, договори, решенија)
- стручна помош при изготвување и поднесување на завршните сметки и периодичните извештаи на компаните
КПУ ОБУКИ
Економско правен консалтинг ФВ е АКРЕДИТИРАНА компанија од ICC Macedonia International Chamber of Commerce The world business organization и одржува обуки за континуирано професионално усовршување (КПУ) на сметководители и овластени сметководители кое се спроведува согласно Законот за вршење сметководствени работи, а со цел професионално и ефикасно вршење на сметководствените работи.