
Врз основа на член 266-а став 6 од Законот за облигационите односи (Службен весник на Република Македонија бр.18/01, 4/02, 5/03, 84/08, 81/09, 161/09 и 215/21) и точка 3 од Одлуката за референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата (Службен весник на Република Македонија бр. 42/11 и 49/12), Народната банка на Република Северна Македонија, донесе О Б Ј А В А според која:
- референтната стапка за пресметување на стапката на казнена камата, за периодот од 1 јануари 2022 година до 30 јуни 2022 година, изнесува 1,25%.
Законска казнена камата
Согласно член 266-а од Законот за облигациони односи (Службен весник на Република Македонија бр. 18/01...123/13), законската казнена камата се утврдува кога референтната стапка што ја објавува Народна банка на Република Македонија на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, ќе се зголеми за 10 процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за 8 процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (за граѓани).
Кога паричната обврска е изразена или определена во странска валута, казнената камата се определува за секое полугодие во висина на едно-месечната стапка на Еурибор за евра што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за 10 процентни поени во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право, односно зголемена за 8 процентни поени во договорите во кои барем едното лице не е трговец (за граѓани).
Стапката на Еурибор на 31.12.2021 год. е -0,583%.
Договор на казнена камата
Во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право може да се договори и повисока стапка од стапката на законската казнена камата што важела на денот на склучување на договорот, но максимум до 50% повисока од утврдената законска казнена камата.
Договорна камата
Според член 388 од Законот за облигациони односи, договорната камата во трговските договори и договорите меѓу трговци и лица на јавното право се определува договорно, но не повисока од стапката на законската казнена камата од член 266-а зголемена максимум за 50%. Договорната камата во договорите меѓу лица од кои барем едното не е трговец, не може да биде повисока од стапката на законската казнена камата за соодветната валута што важела на денот на склучувањето на договорот, односно на денот на промената на каматната стапка, ако е договорена променлива каматна стапка.
Кога не е определена стапката
Ако плаќањето на камата е договорено, а не е определена нејзината стапка, во договорите меѓу лицата од кои барем едното не е трговец се применува каматна стапка во висина од 1/3 од стапката на законската казнена камата за соодветната валута, а во трговските договори или договорите меѓу трговци и лицата на јавното право се применува каматна стапка во висина од 1/2 од стапката на законската казнена камата, за соодветната валута.
Казнени и договорни камати за период од 01.01. до 30.06.2022