
Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување од 1 декември 2021 година се наплаќа надоместок за биоразградливите кеси за носење на стоки кој што од страна на трговците се прибира и уплаќа на квартална основа.
Евидентниот лист за продадени биоразградливи кеси се доставува квартално и за периодот април-јуни 2022 г. се доставува до 15 јули 2022 г.
Евидентниот лист, со копија на уплатницата за уплатени надоместоци се испраќаат по пошта или се доставуваат лично до Архивата на МЖСПП на адреса:
Министерство за животна средина и просторно планирање /Сектор отпад
Плоштад „Пресвета Богородица„ бр. 3
1000 Скопје
Надоместокот кој што се наплаќа е со вредност од 15 денари. Надоместокот кој трговецот кој е ДДВ обврзник треба да го уплати на сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање изнесува 12,7 денари, без вредноста на ДДВ од 2,3 денари што се уплаќа согласно Законот за данокот на додадена вредност.
Трговците кои не се ДДВ обврзници се должни да го уплатат целиот надомест од 15 денари во корист на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Податоци за сметката:
Надоместок за биоразградливи кеси за транспорт на стока
Назив на примачот – Буџет на РСМ
Банка на примачот – Народна банка на РСМ
Сметка – единствена трезорска сметка 100000000063095
Сметка на буџетски корисник – единка корисник – 121011520263110
Приходна шифра и програма – 718159 26
Образецот е пропишан согласно Правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 265/2021).
Евидентниот лист за продадени кеси, може да го превземете од базата со податоци.