Иако дел од неговата работа навистина звучи фантастично бидејќи живее во одморалиште со пет ѕвезди, сурфа и скија на вода, Бен вели дека тоа е навистина исцрпувачко искуство. “Ова би требало да се нарече најпрометната и најопасна работа насветот!”, се шегува Бен. Брзо после пристигнувањето на Бен на островот, имал средба со смртта, откако добил убод од отровна медуза. Освен медузите, во овие води прети опасноста и од ајкули како и од други отровни суштества. “Уживав во морето со пријателите, и одеднаш почувствував бодеж на раката. Започнав да потам, целото тело почна да ми гори и имав голема главоболка. Ме стегаа градите, притисокот ми скокаше“, го опишува Бен искуството со медузата. “Уште не знаев што ме касна, но видов благ осип и посомневав дека е медуза.” За среќа сѐ добро заврши, а несреќната околност не го исплаши. Започнал да пишува свој блог, направил емисија за Discovery и станал вистински истражувач носејќи ја својата камера насекаде. Кога се пријавил за работата, Бен имал девојка, Брина Воткинсон, но раскинале пред две години. Една вечер, после година дена, ја запознал сегашната вереница Софи Мегфи и во ноември планираат венчавка на самиот остров. “Кога ќе помислам на изминатите три години, навистина не планирав да живеам во Австралија. Секогаш патував и тоа ми беше најголема радоста. Ова е најдолгиот период кој сум го поминал на едно место. Пред четири години отпатував во Африка. Сега живеам во Бризбејн, сосем мало гратче; но никогаш досега не сум живеел во град.“ Но, за Бен оваа авантура како чувар на островот е завршена бидејќи се спрема за поход на Азија. И покрај сите убавини на овој остров и одличната плата, тој не се кае поради одлуката која ја донел. “Оваа работа ми овозможи да проживеам разни авантури, да истражувам, да пишувам за тоа и да научам нови вештини“, вели Бен. На крајот, Бен признава дека доколку не бил огласот за работа на островот, неговиот живот би бил многу поинаков.01.01.0001