ЕКОНОМСКО ПРАВЕН КОНСАЛТИНГ

ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, ЗНАЕЊЕ И ДОВЕРБА

Тел: 02 / 3245 - 970, 3245 - 971

e-mail: fvkonsalting@on.net.mk

 

 - 28 ГОДИНИ ВРВНА ПРОФЕСИОНАЛНОСТ ВО РАБОТАТА - 


Во Вашата редовна работа соочени сте со постојано или повремено користење на информации и податоци кои треба да ги збогатат Вашите сознанија и иновативност и да Ви помогнат во процесот на одлучување. Со Вашата одлука да ги користите публикациите и услугите на Економско правен консалтинг ФВ ќе направите одличен избор во користењето на навремени, точни и сеопфатни информации и податоци од областа на сметководството, финансиите, даноците, работните односи и другата регулатива од важност за сите субјекти од ПРИВАТНИОТ СЕКТОР, јавниот сектор (корисници од областа на законодавната, извршната и судската власт, Фонд за ПИОМ, ФЗО, Агенција за вработување, општини, единки корисници, јавни здравствени установи и слично) и СМЕТКОВОДСТВЕНИТЕ БИРОА. 


Во периодот од 1991 година до денес нашата консалтинг куќа ги реализира понудените услуги со висок квалитет, сигурност, навременост, точност и професионална одговорност заснована на искуство, експертиза и посветеност на целта. 


Консултантскиот тим на Економско правениот консалтинг ФВ го сочинува екипа под водство на МАЈА ЛАЗАРОСКА - дипломиран економист и овластен ревизор, со долгогодишно работно искуство во областа на економијата и ревизијата во земјава и во странство, која е воедно и водечко лице во редакцискиот одбор на нашите редовни изданија. Во консултантскиот тим се и ВАЛЕНТИНА ТОДОРОВСКА - дипломиран економист со долгогодишно работно искуство и ЈАСМИНА ГЕНЧЕВА - дипломиран економист со искуство од областа на сметководството, како и МИЛА ЃОРЕВСКА - дипломиран правник.


Показател за успешноста на работата на Економско правен консалтинг ФВ е големиот број на клиенти кои долги години ги користат нашите услуги. Односот со клиентите е заснован на работната етика и доверба, а водењето на бизнисот се темели на професионализам и разбирање. Во 2014 година Економско правен консалтинг ФВ беше сертифицирана компанија за деловна успешност од страна на Агенцијата за кредитен рејтинг COFACE во соработка со Стопанската комора на РМ. 


Економско правен консалтинг ФВ е АКРЕДИТИРАНА компанија од ICC Macedonia International Chamber of Commerce The world business organization и одржува обуки за континуирано професионално усовршување (КПУ) на сметководители и овластени сметководители кое се спроведува согласно Законот за вршење сметководствени работи, а со цел професионално и ефикасно вршење на сметководствените работи.