ЕКОНОМСКО ПРАВЕН КОНСАЛТИНГ

ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, ЗНАЕЊЕ И ДОВЕРБА

Тел: 02 / 3245 - 970, 3245 - 971

e-mail: info@fvkonsalting.com.mk
 
ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО ЗА БУЏЕТИТЕ И БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ
со практични примери од класа 0 до класа 9

Прирачникот е изработен според законските прописи и Правилникот за водење на сметководство за субјектите од јавниот сектор и има 414 страници.

Системот за финансиско известување воспоставен во Јавниот сектор треба да овозможи константна анализа на резултатите реализирани врз основа на утврдените мерки на економската политика, со цел ефикасно да се управува со јавните средства. Буџетските корисници, единиците на локална самоуправа и ЈЗУ податоците во своето сметководство ги обезбедуваат во согласност со класификацијата на приходите и класификацијата на расходите кои се пропишани со Правилникот за класификација на приходите и Правилникот за класификација на расходите. При сметководственото евидентирање на деловните промени, буџетите, буџетските корисници, единиците на локална самоуправа и ЈЗУ ги користат сметките пропишани со Правилникот за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетските корисници, Правилник за содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетите и Правилникот за Сметковниот план за буџетите и буџетските корисници. Примената на сметковниот план во јавниот сектор заснован на стандардните буџетски класификации обезбедува податоци и информации врз основа на кои е возможно да се пресметаат различни економски показатели (национални, монетарни, финансиски), кои пак овозможуваат проценка на финансиската стабилност на општиот државен сектор на сличен или идентичен начин како кај стопанството. Со Правилникот за буџетските корисници се пропишува содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетските корисници и ЈЗУ. Содржината на одделните сметки во сметковниот план за буџетите е дефинирана со Правилникот за буџетите. Прирачникот за сметководство за буџетите и буџетските корисници дава одговор на многу прашања кои се поврзани со законското користење на буџетските средства, како и реално и објективно искажување на сметководствените трансакции во финансиските извештаи.

 
цена 4.000 ден.