Имајќи го во предвид фактот дека големиот број на приватни фирми, здруженија, јавни институции, како и физички лица спаѓаат во категоријата на даночни обврзници за ДДВ или се потенцијални обврзници за овој данок, сметаме дека со ова издание подетално, јасно и разбирливо Ви ја презентираме материјата во Законот за ДДВ и подзаконските акти и нивно спроведување во пракса.
Истиот се состои од 27 теми, во кои детално се обработени прашања кои се однесуваат на оданочувањето на прометот во земјата и изобилува со практични примери за оданочување на прометот на добра и услуги во производните дејности, во трговијата на големо и мало, угостителството, градежништвото, тур-оператори, банки и финансиски институции, осигурителни друштва, превоз, сервисно-ремонтни услуги, како и третманот на ДДВ во работењето на непрофитни организации, државни органи, општини, јавни установи и други јавно правни тела кои се во системот на ДДВ.
Цена 4.000 ден.