БИЛТЕН ФВ - 12 БРОЈА

12 месечни списанија со богата содржина: статии за актуелни теми и новини, збогатени со детални примери и објаснувања од областа на сметководството, даноците и нивната имплементација, финансиите, правото и работните односи. Во посебен дел се опфатени месечните податоци за пресметка на плати, ставки важни за секојдневните сметководствени пресметки, како и камати, стечајни постапки, цени на горива, но и одговори на Ваши прашања.
Даночниот информатор е посебна рубрика во секој месечен билтен и ја обработува даночната проблематика за правните и физичките лица.
На крајот на годината го добивате Годишниот регистар – Билтен 12 со важни сметководствени податоци за неколку години наназад.

Сметководство, даноци и право
Во почетокот на годината ова специјално списание е вистинско олеснување за составување на завршната/годишната сметка за претходната година согласно законската и даночната регулатива на РСМ. Истото е богато со упатства и детални објаснувања за подготовка на сите извештаи кои треба да се достават до соодветните органи.