
 НЕ Е ДОСТАПНА 
ПРИРАЧНИК ЗА СМЕТКОВОДСТВО СПОРЕД МСФИ/МСС
Со примената на МСФИ за МСЕ се подобрува споредливоста на финансиските извештаи на малите ентитети во РМ со голем број мали ентитети од другите држави; полесен е пристапот до капиталот од инвеститорите и полесно е добивањето кредити, а исто така помало е оптоварувањето во однос на она што го бараат комплетните МСФИ.
Во ова издание практично е разработена содржината на сите 35 оддели со бројни примери за книжења, белешки, одбрани поставени квиз прашања со одговори, кои на многу сметководители и овластени сметководители ќе им послужат во поглед на едукацијата во работењето.
Корисниците на ова издание треба да имаат во предвид дека содржината дава целосен преглед на стандардот според неговата оригинална структура. Изданието претставува водечки текст дополнет со примери кои се преземени од материјалите за обука побликувани од ISAC Foundation.
Ви напоменуваме дека заради поедноставување во примерите не се опфатени даноците (ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и др).
Ова издание е корисна алатка за сите сметководители и овластени сметководители кои непосредно и професионално се ангажирани во примена на МСФИ за МСЕ.
Книгата има 806 страници.
СОДРЖИНА НА КНИГАТА
ЦЕНА 5.490 денари