ПРЕСМЕТКА НА ТРОШОЦИ ЗА СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА
Книгата има 92 страници. Стручно издание на Економско правен консалтинг ФВ кое се однесува на трошоците за службени патувања во земјата и во странство. Истото претставува спој на законски одредби и практични решенија за признавање и исплата на трошоците за службени патувања во земјата и странство во приватниот и во буџетскиот сектор, нивно сметководствено евидентирање и даночен третман од аспект на данокот на добивка и данокот на личен доход.
Преку практични примери се разработени правилата за пресметка на трошоци за пат, сместување, дневници и сите пропратни трошоци за вработените, како и изготвување на патни налози, начин на исплата на надоместоци за пат во земјата и странство.
Изданието е изработено во лесен, едноставен и разбирлив стил, со што е приспособен за секојдневна употреба од страна на сметководителите, благајниците, правниците и управителите/раководителите.
СОДРЖИНА НА КНИГАТА
цена 1.390,00 ден.