ЕКОНОМСКО ПРАВЕН КОНСАЛТИНГ

ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, ЗНАЕЊЕ И ДОВЕРБА

Тел: 02 / 3245 - 970, 3245 - 971

e-mail: info@fvkonsalting.com.mk

МЕЃУНАРОДЕН СТАНДАРД ЗА ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА МАЛИ И СРЕДНИ ЕНТИТЕТИ

 

Ова издание, на 808 страници, претставува водич за примена на Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни ентитети (МСФИ за МСЕ). 

Од 1 јануари 2012 година овој нов поедноставен стандард кој е составен од 35 Оддели го применуваат субјектите од приватниот сектор, односно сите видови на трговски друштва, самостојни вршители на дејност, приватни установи, јавни претпријатија и други субјекти кои се класифицирани како мали и микро трговци кои не котираат на берза, во согласност со Законот за трговски друштва. 

Во РСМ овој стандард (МСФИ за МСЕ) е официјално објавен во Службен весник на РМ број 107 од 10 август 2011 година, како дополнување на Правилникот за водење на сметководство. 

Одделите од стандардот се обработени низ бројни, практични примери и илустративни книжења за трансакциите со користење на сметките од сметковниот план. 

Прирачникот претставува поедноставна рамка за признавање, мерење, презентирање , обелоденување на деловните трансакции и настани кај малите и микро трговци. 

Прирачникот е корисна алатка за сите сметководители кои непосредно и професионално се ангажирани во примена на МСФИ за МСЕ.

СОДРЖИНА НА КНИГАТА

цена 4.190 ден.