ЕКОНОМСКО ПРАВЕН КОНСАЛТИНГ

ПРОФЕСИОНАЛНОСТ, ЗНАЕЊЕ И ДОВЕРБА

Тел: 02 / 3245 - 970, 3245 - 971

e-mail: info@fvkonsalting.com.mk

БИЛТЕН ФВ - 12 броја 

Списание чија содржина разработува: практични и стручни објаснувања од областа на сметководството, МСФИ/МСС стандардите и нивната имплементација, финансиите, правото, работните односи, ревизијата (комерцијална и внатрешна) и други важни теми за сите субјекти од приватниот, јавниот сектор и сметководствените бироа. Списанието содржи и податоци за пресметка на плати, камати, стечајни постапки, како и стручни одговори на прашањата поставени од Вас.
Даночниот информатор е посебна рубрика која ја обработува законската регулатива од областа на даноците: данок на добивка, персонален данок на доход, данок на додадена вредност, акцизи, даноци на имот и друго.

Годишен регистар - Влегува во состав на Билтен 12 и истиот содржи корисни податоци (камати, коефициенти, стапки, плати, надоместоци, уплатни сметки, шифри на плаќање, податоци за висината на дневниците за службени патувања во земјата и во странство и друго) за тековната 2020 година, а одредени содржини и за изминатите години.


 

 

Сметководство, даноци и право е специјално списание кое ги содржи потребните упатства за составување на годишна сметка и финансиски извештаи согласно законската регулатива на РСМ за субјектите од приватниот и јавниот сектор.