
Во Службен весник на РСМ бр. 99/2022 се објави последната измена и дополнување на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија„ број 27/14..11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 275/19, 14/20 и 215/21).
Новините влегуваат во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ„, т.е 21 април 2022 година.
Нова дефиниција за основната компонента на платата
Според изменетиот член 87 основната компонента на плата ја сочинуваат:
- минимална плата,
- дел на плата за степен на образование,
- дел на плата за ниво и
- дел на плата за стаж.
Минималната плата е онаа која министерот за труд и социјална политика, ја објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија„ согласно со закони, и од март 2022 година изнесува 26.422 денари.
Делот на плата за степенот на образование кој е законски минимум за соодветното ниво на работно место се вреднува на следниов начин:
НИВО НА КВАЛИФИКАЦИИ/ОБРАЗОВАНИЕ |
БОДОВИ |
Ниво на квалификации VI А, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен |
56 |
Ниво на квалификации VI Б или 180 кредити според ЕКТС |
31 |
Ниво на квалификации V А, 60 до 120 кредити според ЕКТС или вишо образование |
11 |
Ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование |
1 |
Делот на плата за нивото на кое е распореден административниот службеник се вреднува на следниов начин:
НИВО |
БОДОВИ |
А1 - секретар од прво ниво |
677 |
А2 - секретар од второ ниво |
535 |
А3 - секретар од трето ниво |
490 |
А4 - секретар од четврто ниво |
424 |
А5 - секретар од петто ниво |
334 |
Б1 - раководен административен службеник од прво ниво |
344 |
Б2 - раководен административен службеник од второ ниво |
323 |
Б3 - раководен административен службеник од трето ниво |
233 |
Б4 - раководен административен службеник од четврто ниво |
172 |
В1 - стручен административен службеник од прво ниво |
106 |
В2 - стручен административен службеник од второ нив |
71 |
В3 - стручен административен службеник од трето ниво |
56 |
В4 - стручен административен службеник од четврто ниво |
25 |
Г1 - помошно - стручен административен службеник од прво ниво |
15 |
Г2 – помошно - стручен административен службеник од второ ниво |
10 |
Г3 - помошно - стручен административен службеник од трето ниво |
5 |
Г4 - помошно - стручен административен службеник од четврто ниво |
1 |
Делот на плата за работниот стаж на административниот службеник се вреднува во износ од 0,5% од збирот на минималната плата, делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво, за секоја навршена година работен стаж, а најмногу до 20%.
Одредбите со кој се менува членот 87 се применуваат со исплата на мартовската плата во месец април 2022 година.
Бодовите на плата во делот на образованието за државниот службеник со ниво на квалификациите VI Б, односно стекнати 180 кредити според ЕКТС, кој засновал работен однос во институцијата заклучно со денот на започнувањето со примената на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија„ број 27/14), ќе се вреднуваат со 56 бода.