Согласно соопштението на Државен завод за статистика бр.4.1.24.60 од 08.07.2024г. процентот на кумулативниот пораст на цените на мало кој се користи за пресметување на месечна аконтација на данокот на добивка за ЈУНИ 2024 г. изнесува 2,4 %. Месечната аконтација за ЈУНИ 2024 година се утврдува како 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2023 година (АОП 56) зголемена за 2,4 %. Правото на пораст на платите за ЈУНИ 2024 год. за субјектите кои го применуваат Законот за исплата на плата е 0 %.08.07.2024