
Согласно соопштението на Државен завод за статистика бр. 07.5.2025.1/5 од 09.06.2025 година процентот на кумулативниот пораст на цените на мало кој се користи за пресметување на месечна аконтација на данокот на добивка за МАЈ 2025 година изнесува 1,6%.
Месечната аконтација за МАЈ 2025 година се утврдува како 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2024 година (АОП 56) зголемена за 1,6%.
Правото на пораст на платите за МАРТ 2025 година за субјектите кои го применуваат Законот за исплата на плата е 0,75%.