
Последната измена и дополнување на Законот за заштита на децата се објави во Службен весник на РСМ бр. 132/2025.
Меѓу другите одредби, се измени и одредбата од член 166-ж која се однесува на начинот на пресметување на платата на директорот на јавна установа за деца.
Според изменетиот член 166-ж:
(1) Директорот на јавна установа за деца како орган на раководење има право на плата и надоместоци од плата, според услови и критериуми утврдени со овој закон и/или колективен договор.
(2) Платата на директор во установата за деца се пресметува во бруто-износ, а се исплаќа во нето-парчен износ еднаш месечно во тековниот месец за претходниот месец. Платата се состои од:
1) основна компонента и
2) исклучителна компонента.
(3) Основната компонента на плата ја сочинуваат: 1) минимална плата; 2) дел на плата за степен на образование; 3) дел на плата за проектиран капацитет и 4) дел на плата за работен стаж.
(4) Минималната плата е онаа која министерот за економија и труд ја објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија” согласно со закон.
(5) Делот на плата за степен на образование се вреднува со 56 бода.
(6) Делот на плата на директорот според проектираниот капацитет на јавната установа за деца (детска градинка/центар за ран детски развој/детско одморалиште) се вреднува во бодови и тоа:
- за установа за деца со проектиран капацитет до 100 деца............... 300 бода,
- за установа за деца со проектиран капацитет од 101 до 200 деца.... 315 бода,
- за установа за деца со проектиран капацитет од 201 до 300 деца.... 330 бода,
- за установа за деца со проектиран капацитет од 301 до 400 деца.....345 бода,
- за установа за деца со проектиран капацитет од 401 до 500 деца.....360 бода,
- за установа за деца со проектиран капацитет од 501 до 600 деца.....375 бода,
- за установа за деца со проектиран капацитет од 601 до 700 деца.....390 бода,
- за установа за деца со проектиран капацитет од 701 до 800 деца.... 405 бода,
- за установа за деца со проектиран капацитет од 801 до 900 деца.....420 бода,
- за установа за деца со проектиран капацитет од 901 до 1000 деца...435 бода,
- за установа за деца со проектиран капацитет над 1000 деца .......... 450 бода.
(7) Делот на плата за работниот стаж на директорот на јавна установа за деца се вреднува во износ од 0,5% од деловите на плата за степен на образование и според проектираниот капацитет за секоја навршена година работен стаж, а најмногу до 20%.
Одредбите од член 166-ж ќе се применуваат од 1 јули 2025 година.