
Во Службен весник на РСМ бр.151 се објави Закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на РСМ за 2025 година и влезе во сила на 25.07.2025 година.
Всушност се менува членот 11 ставот 1 кој се однесува на надоместокот на трошоци за одвоен живот на избраните и именуваните функционери кај буџетските корисници и единките корисници и со измените сега гласи:
- На избраните и именуваните функционери кај буџетските корисници и единките корисници, од денот на нивното именување заклучно со денот на нивното разрешување, им следува надоместок на трошоци за одвоен живот од семејството во висина од 30% од просечната месечна нето-плата исплатена во Република Северна Македонија во претходните три месеци (предходно од 01 јануари до 24 јули 2025 одина како основица се користеше просечната нето-плата во претходната година).
Исто така се дополнува и членот 20 ставот 3 кој се однесува на пополнување на работно место преку мобилност и истиот сега гласи:
- За пополнување на работно место преку мобилност со постапка за распоредување во рамките на буџетскиот корисник или единка корисник и за пополнување на работно место преку мобилност со постапка за преземање меѓу единки корисници кои се во надлежност на ист буџетски корисник, согласност дава раководителот на буџетскиот корисник, врз основа на обезбедените буџетски средства во масата на плати. Раководителот на буџетскиот корисник доставува известување до Министерството за финансии за дадените согласности за преземање меѓу единките корисници.