
Согласно соопштението на Државен завод за статистика бр. 07.5.2025.1/8 од 09.09.2025 г. процентот на кумулативниот пораст на цените на мало кој се користи за пресметување на месечна аконтација на данокот на добивка за АВГУСТ 2025 г. изнесува 2,9%.
Месечната аконтација за АВГУСТ 2025 година се утврдува како 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2024 година (АОП 56) зголемена за 2,9%.
Правото на пораст на платите за АВГУСТ 2025 год. за субјектите кои го применуваат Законот за исплата на плата е 0,1%.