
Економско правен консалтинг ФВ успешно функционира веќе 34 години и е меѓу водечките од областа на економскиот и правниот консалтинг во РСМ. Издаваме месечни стручни изданија на кои клиентите годишно се претплаќаат и стручни книги од областа на економијата и правото. Заради растечкиот број на клиенти Економско правен консалтинг ФВ има потреба од СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
- Работно искуство во областа на сметководството;
- Познавање на Microsoft office (особено Excel и Word) и internet;
- Познавање на англиски јазик;
Работното место ги опфаќа следните обврски:
- Административно компјутерско работење;
- Ажурирање на плаќањата, изготвување на фактури и нивно евидентирање во веќе поставен програм и испраќање до клиентите;
- Евиденција на плаќањата во Excel;
- Обработка, контрола и внесување на влезни документи поврзани со финансиите (во веќе поставен програм и деловодник) и плаќање;
- Водење евиденција за трошоци во Excel и евиденција на ненаплатените побарувања;
- Водење и подготовка на извештаи поврзани со побарувањата од клиентите во Excel;
- Извршување други сродни задачи поврзани со нашата работа.
Нашите канцеларии се наоѓаат во Скопје, а работното време е од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.
Ве покануваме, доколку имате интерес и соодветствувате со опишаниот профил, да аплицирате на info@fvkonsalting.com.mk со напомена, ПРИЈАВА ЗА ОГЛАС ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛ.