
Во Службен весник на РСМ бр.252/2025 се објави ново даночно намалување за 2026 година кое се користи при исплата на доход од работа по основа на плата, надоместоци на плата и пензија.
Согласно објавата на министерот за финансии:
1. Даночното намалување утврдено во член 10 став (2) од Законот за данокот на личен доход, за 2026 година на годишно ниво, изнесува 131.184,00 денари.
2. Даночното намалување по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од 10.932,00 денари, согласно со член 17 став (2) од Законот за данокот на личен доход.