
Последното дополнување на Законот за здравствена заштита се објави во Службен весник на РСМ бр. 31/2026 и истото влегува во сила од 24.02.2026 година.
Дополнувањето се однесува на член 161 кој се однесува на постапката за вработувањето на здравствените работници.
До оваа измена работоводниот орган на здравствената установа, имаше дискреционо право на одлучување кој од кандидатите за вработување ќе го избере за најповолен.
Постоечкиот член 161 од законот во пракса доведуваше до нееднаква примена, така што во еден случај се избираше прворангираниот кандидат, а во друг случај вториот, третиот итн.т.е работоводните органи на здравствените установи нееднакво ја применуваа одребата при идентични случаи.
Изборот се вршеше спротивно на законските критериуми на стручност и компетентност, што ги дестимулираше кандидатите за вработување, кои избираа да не конкурираат на јавните огласи и се одлучуваа за вработување во европските држави.
Согласно последното дополнување на член 161 од законот работоводниот орган мора да го избере најдобриот кандидат согласно со редоследот на ранг-листата.
Последното дополнување на овој закон треба да овозможи еднаков пристап до вработување под еднакви услови, врз основа на стручна подготовка и компетенции за вршење на работата.