
Ви пренесуваме Соопштение од Централниот регистар на РСМ:
„Почитувани,
Ги известуваме сите обврзници за поднесување на годишни сметки, дека во Централниот регистар на 28.02.2026 година (сабота), во сите Регионални регистрациони канцеларии и Регистрациони канцеларии ќе се врши прием на годишни сметки за 2025 година од 08:00 до 16:00 часот.
Рокот за доставување на годишна сметка во електронска форма за 2025 година, истекува заклучно со 16.3.2026 година до полноќ во согласност со член 45 став 6 од Законот за општата управна постапка, со примена на тарифните ставки и условите утврдени за прием на годишна сметка до 15.3.2026 година.
Рокот за доставување на годишна сметка во хартиена форма за 2025 година за трговци поединци и самостојните вршители на дејност, истекува заклучно со 16.3.2026 година до 16.00 часот во согласност со член 45 став 6 од Законот за општата управна постапка, со примена на тарифните ставки и условите утврдени за прием на годишна сметка до 15.3.2026 година.
За дополнителна помош, стоиме на располагање и преку контакт телефоните и e-mail адресите, како и преку контакт формата на Центрлен регистар.
Со почит,
Централен регистар на Република Северна Македонија“