
Согласно соопштението на Државен завод за статистика бр.07.5.2026.1/2 од 09.03.2026 г. процентот на кумулативниот пораст на цените на мало кој се користи за пресметување на месечна аконтација на данокот на добивка за ФЕВРУАРИ 2026 г. изнесува -0,4%.
Месечната аконтација за ФЕВРУАРИ 2026 година се утврдува како 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2025 година (АОП 56).
Правото на пораст на платите за ФЕВРУАРИ 2026 год. за субјектите кои го применуваат Законот за исплата на плата е 0,1 %.