
Во Службен весник на РСМ бр. 85/2026 се објави Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед.
Одлуката влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија” (21 април 2026 г.), а ќе се применува до 31 мај 2026 година.
1. За кои стоки важи одлуката?
Со оваа одлука се определуваат посебните услови за трговија и обврската на трговците кои претставуваат правни лица кои се регистрирани за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо и на мало во соодветен регистар согласно со закон, да ги прибавуваат и продаваат следните стоки:
1) неоргански ѓубрива;
2) органски ѓубрива;
3) органо минерални ѓубрива;
4) биостимулатори и
5) подобрувачи на својства на почвата.
2. Која е највисоката бруто профитна маржа?
Највисоката бруто профитна маржа за неоргански ѓубрива за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува во вкупен износ до 5 % во трговијата на големо и во вкупен износ до 5 % во трговијата на мало.
Највисоката бруто профитна маржа за органски ѓубрива; органо минерални ѓубрива; биостимулатори и подобрувачи на својства на почвата за ситетрговски друштва и трговци поединци кои учествуваатво трговскиот ланец се утврдува во вкупен износ до 10% во трговијата на големо и во вкупен износ до 10% во трговијата на мало.
3. Кои се минималните количини за продажба?
Трговците за вршење дејност трговија на мало имаат обврска сите стоки од оваа одлука, да ги прибавуваат и продаваат месечно на потрошувачите, во количина од најмалку 70% од просечните месечно прибавени количини во јануари, февруари и март 2026 година.
Трговците за вршење дејност производство и за вршење на дејност трговија на големо имаат обврска сите стоки од оваа одлука, да им ги продаваат месечно на трговците за вршење дејност трговија на мало, во количина од најмалку 70% од просечните месечно продадени количини во јануари, февруари и март 2026 година.
НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ВО ТРГОВИЈАТА НА ГОЛЕМО НА НЕОРГАНСКИ ЃУБРИВА
Во Службен весник на РСМ бр.85/2026 се објави Одлука за определување на највисоки цени во трговијата на големо на неоргански ѓубрива и истата влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија„ (21.04.2026 г .).
Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на големо на неоргански ѓубрива.
Највисоките цени на на неоргански ѓубрива се утврдуваат за количините набавени пред 15 април 2026 година.
Највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале во трговијата на големо до 15 април 2026 година, намалени за 10%.
Највисоките цени на производите ќе се применуваат се до исцрпување на истите.