
Врз основа на член 92 став (12) од Законот за акцизите (*) („Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 108/19, 143/19, 225/19, 275/19, 77/21, 57/22, 209/23 и 265/24), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 5 април 2026 година, донесе одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметката на акцизата.
Одлуката се објави во Службен весник на РСМ бр. 73/2026 и од 7 април 2026 годинасе однесува на следниве видови на енергенти:
- Моторен бензин од тарифните ознаки 2710 12 45 00, 2710 12 49 00 и
- Гасно масло како погонско гориво од тарифните ознаки 2710 19 46 00, 2710 19 47 00,2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 19 00, 2710 19 44 00 и 2710 19 42 00.
Овој начин на пресметување на акцизата првично требаше да се применува до 20 април 2026 година, потоа се пролонгира неколку пати (до 4 мај 2026 година, до 18 мај 2026 година,односно до 1 јуни 2026 година).
Со последната измена која се објави во Службен весник на РСМ бр.115/2026 примената се пролонгира до 15 јуни 2026 година.
Забелешка:Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка која се применуваше за горивата престана да важи, т.е и за бензините 95 и 98 октани се применува општата стапка за ДДВ од 18%.