
Согласно соопштението на Државен завод за статистика бр. 07.5.2026.1/4 од 08.06.2026г. процентот на кумулативниот пораст на цените на мало кој се користи за пресметување на месечна аконтација на данокот на добивка за МАЈ 2026 година изнесува 1,4%.
Месечната аконтација за МАЈ 2026 година се утврдува како 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2025 година (АОП 56) зголемена за 1,4%.
Правото на пораст на платите за МАЈ 2026 год. за субјектите кои го применуваат Законот за исплата на плата е 0,30 %.