
Согласно соопштението на Државен завод за статистика бр.07.5.2026.1/8 од 07.09.2026г. процентот на кумулативниот пораст на цените на мало кој се користи за пресметување на месечна аконтација на данокот на добивка за АВГУСТ 2026 г. изнесува 2,5%.
Месечната аконтација за АВГУСТ 2026 година се утврдува како 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2025 година (АОП 56) зголемена за 2,5%. За друшвата кои почнале со работа во претходната година (2025 година) месечната аконтација за АВГУСТ 2026 година се утврдува кога годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2025 година (АОП 56) ќе се подели со бројот на месеци на работење во претходната година зголемена за 2,5%.
Правото на пораст на платите за АВГУСТ 2026 год. за субјектите кои го применуваат Законот за исплата на плата е 0,2%.