
Maниш Кумар е 35 годишен Индиец кој заработува за живот нуркајќи во отпадните води.
Тој, како и неговиот осум години постар колега Дјеви Лал, заработуваат по 5.5 долари дневно.
Собираат шишиња и други отпаднипредмети од канализацијата, носејќи на себе само кратки пантолони и долна облека, без никаква заштитна опрема.
Околу 70% од луѓето кои се занимаваат со ваква работа загинуваат работејќи.
Нуркањето во отпадните води во индиските градови се појавува во потресниот филм “Life in loops“.