Мексико и Индонезија ќе ги поминат Русија и Италија на врвот на најголемите економии во светот по само 35 години. Ова го покажува анализата за 10-те најсилни пазари во светот во 2050 година на Economist Intelligence Unit. Според него најнаселената земја – Кина, ќе го префрли и САД според БДП како најголема светска економија. Индија и Кина ќе бидат одделно побогати од следните други 5 држави, земени заедно – Индонезија, Германија, Јапонија, Бразил и Велика Британија. Двете држави ќе бидат вистински економски мастодонти, кои ќе добијат и уште посилна политичка сила. “Гледајќи ја економската сила на Кина и Индија, тие ќе имаат многу поголема улога во решавањето на глобалните прашања како климатските проблеми, како и меѓународната безбедност”, пишуваат аналитичарите.01.01.0001