Може ли најбогатиот Европеец да стане најбогатиот човек на планетата? За Амансио Ортега, кој ја поседува Zara и неколку други познати брендови, нема да биде изненадувачки. Неговата компанија Inditex во понеделникот истакна сериозно поскапување на акциите – со 3.9%. Тоа додаде во џебот на милијардерот дополнителни 2,3 милијарди долари. Тоа, според пресметките на Bloomberg Billionaires Index, е со 500 милиони долари повеќе од вкупниот раст на десетте најбогати луѓе на планетата. Само од почетокот на годината, богатството на Ортега се зголеми за 18 проценти или 11 милијарди долари до вкупно 72 милијарди долари. Ако продолжи така, сосема реална е можноста Амансио Ортега да стигне Бил Гејтс со неговите 86 милијарди долари. Сепак неговото богатство во последните три години е зголемено за 80 проценти, додека тоа на Гејтс со два пати помалку.01.01.0001