
Словенија продолжува да биде земја со највисока плата во Западен Балкан, покажуваат статистичките податоци.
Во мај просечната плата таму била 1008 евра. Најнискa е месечната плата во Македонија. Таа изнесува околу 350 евра.
Поблиску до Македонија е рангирана соседна Србија, каде платата е повисока само со 5 евра и достигнува 355 евра.
Во Хрватска се трудат за 749 евра, во Црна Гора – за 481 евра, а во Босна и Херцеговина – за 424 евра.