
Новата Уредба за канцелариско и архивско работење се објави во Службен весник на РСМ бр. 140/2026 и влегува во сила од 3 јули 2026 година. Донесена е согласно член 9 од Новиот Закон за архивски материјал и архивска дејност (Службен весник на РСМ бр.135/25-разработен во Билтен ФВ 10/2025) кој се применува од 1 јуни 2026 година.
Со оваа Уредба се уредува канцелариското и архивското работење на:
-
имателите на јавен архивски и документарен материјал:органи на државната управа, органите/службите на единиците на локална самоуправа, трговски друштва основани од државата или во кои доминатен капитал има државата, правни и физички лица на кои со закон им се доверени јавни овластувања, во делот на службеното постапување,
-
иматели на приватен архивски и документарен материјал кој е од посебен интерес за државата: физички или приватни правни лица кои вршат дејност, услуги или слободни занимања,
-
иматели на приватен архивски и документарен материјал кој не е од посебен интерс за државата: приватни правни лица кои вршат дејност, услуги или слободни занимања.
Превземете ја новата уредба овде (Сл. весник на РСМ бр. 140/2026)